Тешко повредено момче при нагло кочење на градски автобус

Со тешки телесни повреди се здобило 22-годишно момче при нагло сопирање на автобусот кој вршел градски превоз.

Полицијата соопшти дека несреќета се случила вчера во 16.30 на бул.„Јане Сандански“ во Скопје.

-Во автобус „Мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(59) од Скопје, при сопирање, патникот Б.А.(22) од Скопје паднал на подот од автобусот и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР, соопшти МВР.

Претходна вестМОН: 87 проценти од учениците ја следат онлајн наставата
Следна вестСиндикат на полицијата: Ги „украсивте“ полициските станици, а полицајците возат неисправни возила