Темен режим Режим на светлина

Каде брзале Аеродромци

За еден ден полицијата казнила 220 возачи во Аеродром.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на Општина Аеродром изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22, 15 за неисправни и нерегистрирани возила и 32 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Арсовски: Семејната фирма на Бочварски добила тендер еден ден откако тој стана министер

Следна објава

Во Струга приведен дилер од Албанија, запленети над 15 килограми марихуана