За по половина денар од ноќеска на полноќ поскапуваат безнините додека за толку ќе поевтини дизел-горивото, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 отсто.
Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 60,5, а на Еуросупер БС-98 62,5 денари за литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат по 53 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,550 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,837 денари.