Основците во Македонија ќе можат и да вежбаат пилатес и јога како резултат на промените кои се предложени како нов концепт на основното образовние што го иницира Министерството за образование. Ова е предложено како можност во рамките на воннаставни содржини и изборни предмети за кои ќе можат да се определат учениците. Освен овие содржини ќе се овозможи и избор за изучување на втор јазик при што ќе има можност да се учи и албански јазик.
Инаку, веќе е познато дека со новата Концепција се предвидува групирање на предметите биологија, хемија, физика и дел од физичката географија во еден предмет – природни науки, додека предметите историја, дел од географија и граѓанско образование би се здружиле во друг предмет – општествени науки. Исто така, предметите музичко и ликовно би се здружиле во уметничко образование, а техничкото образование и информатика би требало да се спојат во еден предмет – техника, технологија и информатика.
Во дебата која се покрена во јавноста се поставува и прашањето дали во нашите училиште постојат основни предуслови за визионерските измени од типот на јога и пилатес. Така, на пример, во однос на можноста да се вежбаат јога и пилатес на површина исплива поразителен факт дека околу 130-тина основни училиште во земјава немаат спортски сали!? Порталот МКД.мк објави податок дека од 364 основни училишта во земјава 250 имаат спортски сали за реализација на наставата по предметот спорт и спортски активности. Останатите училишта, пак, имале спортски игралишта за ваква намена. Меѓутоа, изведувањето на час по физичко во овие училишта зависело до временските прилики.
Засега не е познато дали некаде во светот се вежба јога и пилатес на снег или на дожд во калтта. Можно ли е да е така во Финска, ама уште тоа не го виделе од министерството за образование, како што „видоа“ дека не се учи историја?