Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 352 мерки, меѓу кои 14 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 39 за користење на мобилен телефон, соопшти денеска МВР.
-За возење без возачка дозвола изречени се 8 санкции, 15 за нерегистрирани возила, 9 мерки за технички неисправни возила во јавен превоз, санкционирани се и 10 пешаци, и 65 мерки за непрописно паркирани возила и 39 санкции за неносење заштитна маска, соопшти полицијата.
Од МВР уверуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.