Скап „Бентли“, голем чалам среде Скопје, а казната…

Казна од 45 евра од страна на полицијата е изречена на возачот на автомобилот марка „Бентли“, кој се движеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните. Станува збор за извесен Б.А. од Арачиново кој завчера вечер помина со возилото низ новогодишните украси загрозувајќи ги притоа граѓаните.

Б.А. е казнет според членот 187, став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Таа одредба гласи: Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на учесник во сообраќајот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член. Ова синоќа на својот профил на Фејсбук го објави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

На социјалната мрежа „Тик-Ток“ беше објавено видеото кое покажува како автомобилот се приближува до „светлосниот тунел“ поставен на градскиот плоштад, при што луѓето собрани околу новогодишната декорација панично се тргаат настрана, а потоа возилото забрзувајќи преминува на другиот крај.

Претходна вестМагла до пладне, потоа променливо облачно
Следна вестКазнети 352 возачи во Скопје, 14 поминале низ „црвено“, 39 зборувале по телефон…