Казнети 352 возачи во Скопје, 14 поминале низ „црвено“, 39 зборувале по телефон…

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 352 мерки, меѓу кои 14 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 39 за користење на мобилен телефон, соопшти денеска МВР.

-За возење без возачка дозвола изречени се 8 санкции, 15 за нерегистрирани возила, 9 мерки за технички неисправни возила во јавен превоз, санкционирани се и 10 пешаци, и 65 мерки за непрописно паркирани возила и 39 санкции за неносење заштитна маска, соопшти полицијата.

Од МВР уверуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Претходна вестСкап „Бентли“, голем чалам среде Скопје, а казната…
Следна вестВо Шуто Оризари ќе се отвори народна кујна за 200 семејства во социјален ризик