Магла до пладне, потоа променливо облачно

Во Скопје претпладне магливо, а преку денот се очекува маглата да се тргне и времето да биде променливо облачно. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

На останатото подрачје на Македонија претпладне по котлините ќе има магла или значителна ниска облачност, а преку денот ќе биде променливо облачно со облачност поголема на север, информира УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Под влијание на влажен бран од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север, во сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000м, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови од земјава.

Претходна вестКосовско-македонска копродукција на деби филм во трка за Златен тигар во Ротердам
Следна вестСкап „Бентли“, голем чалам среде Скопје, а казната…