Шилегов: Поради законските пречки 1.100 стари возила стојат на паркинзите

Законски пречки оневозможуваат од скопските паркинзи да се тргнат околу 1.100 стари возила, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој додаде дека градоначалниците поради законски пречки, односно без согласност на сопственикот, не можат да ги отстранат овие возила.

– Нашите анализи покажуваат дека во овој момент на различни локации во градот, можеби најмногу во Центар и во Карпош имаме околу 1.100 стари возила кои стојат и зафаќаат и паркинг места и ја нагрдуваат сликата. Но, не можеме таа акција да ја спроведеме до крај бидејќи не смееме без согласност на луѓето да ги отстраниме тие возила. Таков тип законски измени едноставно мора да имаме како држава за да можеме тој тип на возила без согласност на луѓето да ги подигаме, објасни Шилегов.

 

Претходна вестПолицијата растури роденденска забава во Центар, најде дрога, приведе 13 лица…  
Следна вестДобро е, од визбеговската депонија ќе се чистат 50.000 кубни метри шут и отпад