Во изминатите 24 часа во македонските ковид-центри во болниците е пријавено дека се лекуваат вкупно 573 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациент позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп – 70, во ковид-центарот во Гостивар – 37, а во Струга – 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 52 пациенти, во Кочани – 15, во Кичево – 10, Кавадарци – 29, во Гевгелија – 14 лица, а во Дебар – 5 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 985 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид-центрите.