И Хрватска увиде дека сега не е време за попис и го одложи

Пандемијата не дозволува да се одржи попис. Ова го одлучиле хрватските власти и официјално е соопштено дека е одложен пописот во Хрватска поради корона вирусот.

– Пописот нема да започне на 1 април, туку ќе се одложи, потврдил координаторот за попис во Централното биро за статистика Дамир Плесац за Н1.

Плесац објаснил дека Институтот сè уште не знае колку долго ќе се одложи пописот затоа што тоа ќе зависи од епидемиолошките мерки и одлуките на Владата и Парламентот, кои мора да го сменат Законот за попис.

Инаку, и други земји од Европа кои планираа попис на почетокот од оваа година го одложија овој процес поради пандемијата – меѓу нив се и Германија, Ирска…

Претходна вестРегистриран земјотрес со епицентар кај Кичево
Следна вест19-годишна охриѓанка силувана од својот партнер