Темен режим Режим на светлина

Општина Центар не простува погрешно паркирање

Вкупно 190 сопственици на непрописно паркирани возила се санкционирани во периодот од 25.01 до 31.01, соопштија денеска ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје. Возилата го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 95 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 95 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во информацијата.

Добро е што се воведува ред при паркирањето во Центар, но треба и среденост на паркинзите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ЕУ и понатаму не може да даде рок за достава на вакцини за западен Балкан

Следна објава

Два ипол пати повеќе од вчера: Дури 29 нови хоспитализирани со компликации од ковид во Скопје