Општина Центар не простува погрешно паркирање

64

Вкупно 190 сопственици на непрописно паркирани возила се санкционирани во периодот од 25.01 до 31.01, соопштија денеска ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје. Возилата го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 95 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 95 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во информацијата.

Добро е што се воведува ред при паркирањето во Центар, но треба и среденост на паркинзите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЕУ и понатаму не може да даде рок за достава на вакцини за западен Балкан
Следна вестДва ипол пати повеќе од вчера: Дури 29 нови хоспитализирани со компликации од ковид во Скопје