Во изминатите 24 часа, од компликации од ковид-19 во земјава починаа седум лица, а од 2.540 тестирања регистрирани се 407 нови случаи.
Сите седуммина починати се во болнички услови и се на возраст од 59 до 91-годишна возраст, по двајца од Скопје и од Струмица и по еден од Тетово, Штип, и Кочани.
Најмногу од новозаразените 407 лица се од Скопје 187.
Регистрирани се 399 оздравени пациенти.
Од почетокот на пандемијата, во земјава се регистрирани вкупно 93.160 заболени и 2.873 починати.
Бројот на активни случаи е 7.767, од кои 3.956 се во Скопје.
Институтот за јавно здравје денеска во неделната анализа на состојбата, објави дека последната недела од јануари во земјава е регистриран пораст на заразаени за 18 отсто, додека се намалил бројот на смртни случаи за 7,2 отсто во однос на претходната недела.
Пад бележи и бројот на оздравени од 41,4 отсто помалку споредено со третата недела од јануари.