Делот на булаварот „11 Октомври“ кај Зелено пазарче со години е едно од најопасните места во сообраќајот. Ризикот од несреќите најмногу го предизвикуваат бројните пешаци кои ја преминуваат прометната сообраќајница надвор од, не толку оддалечен, одбележан пешачки премин на крстосницата кај Собранието. Си створиле скопјани навика…
Градските власти денеска таму поставија заштитна ограда која треба да ги спречи ваквите ризични преминувања и евентуални несреќи.
Дали така и ќе биде, односно, дали граѓаните ќе бидат дисциплинирани, останува да се види. Зафркнато е тоа што постоењето на автобуската постојка оневозможило делницата да биде целосно оградена…
Така е во Скопје, некаде легнат полицаец, некаде исправена ограда… Вистинска метропола полна со помагала за граѓани.