Повеќе лица кои продавале и поседувале лажни ПЦР-тестови на корона вирус се упасени во неколку полициски акции во земјите во регионов. Српската полиција уапси шест лица за фалсификување лични документи и издавање лажни негативни тестови за ПЦР, чија изработка чини од 100 до 800 евра. Медиумите во оваа земја информираат дека овие тестови најмногу се продаваат во Ниш и Врање.
Превозниците кои влегуваат во Македонија на граничниот премин Табановце исто така изјавија дека лесно можат да купат тест за негативна корона на бензинска пумпа во Врање за 65 евра!
Полицијата во Албанија уапси пет члена на групата осомничени за издавање лажни ПЦР тестови во Тирана, додека минатиот месец во Пеќ, косовската полиција уапси две лица за истото дело.
Истовремено, пак, вчера изутрина на аеродромот во Скопје е приведен турки државјанин кај кого исто така е утврдено дека покажал лажен негативен ПЦР-тес
По апсењето на десетици луѓе од Балканот за издавање лажни сертификати за негативни тестови за ПЦР, главно патници за Швајцарија, влезот во оваа земја од 8 февруари ќе биде покомплициран, бидејќи покрај голем број заразени и жртви од Балканот, оваа земја е принудена да го контролира влезот на луѓе на нејзината територија.