Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Аеродром Дејан Митевски на својот Фејсбук – профил објави документи од Електронскиот систем за јавни набавки, според кои актуелното раководство во оваа скопска општина, за еден обрач на кош платила 15 илјади денари без ДДВ.
-Обрач за кош на тендер во Општина Аеродром чини 15.000 +ДДВ. Златко Марин како наставник по физичко знае дека во продавница обрач за кош чини многу, многу помалку. Златко исто така знае дека криминалните тендери за многу брзо ќе му се удрат од глава, напиша Митевски на Фејсбук и во прилог на објавата и спринскрин од набавката..