Кризниот штаб предлага полицискиот час да почнува од 23 часот, угостителските објекти да работат до 22 и 30 часот

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Министерството за здравство за измена на времетраењето на забраната за движење, односно полицискиот час да почнува од 23 часот навечер и да трае до 5 часот наутро. Исто така, Кризниот штаб предлага и да се продолжи работното време на угостителските објекти до 22 и 30 часот.

„Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки:  забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден; време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот“, соопшти Владата.

Наведените предлог-мерки ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај, среда.

Претходна вест1085 лица се лекуваат во ковид центрите во Земјава, во Скопје во последното деноноќие има 22 нови пациенти
Следна вестДваесетгодишна девојка од Скопје со автомобил излетала од пат, повредени три лица