Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно со северен ветар

Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

На скопското подрачје денеска ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

На останати подрачја на Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне и околу пладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени. УВ= 7

Од недела следува период на стабилно време, освен во понеделник кога ќе има краткотраен локален дожд. Температурата ќе биде во постепен пораст.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од Данска стигнуваат 250 илјади дози „Астра Зенека“

Следна објава

Реакциите на граѓаните ги спасија дрвјата на Кејот „13 Ноември“ од бетонирањето