Темен режим Режим на светлина

МЗ: Невакцинираните повеќе се заразуваат со ковид и завршуваат во болница или со смрт

Министерството за здравство објави анализа на вакцинирани против ковид-19 во земјава, која се однесува на изминатите 4 месеци, од 6 август до 16 декември, а која покажува дека 98 отсто од хоспитализираните лица биле невакцинирани.

Во овој период 64.963 граѓанин се позитивни на ковид 19, од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица, додека 44.069, граѓани, односно 67% од позитивните на ковид 19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека  2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е исто така поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2.272 лица со ковид 19, при што 1.790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, додека 21% примиле вакцина, се вели во анализата на МЗ.

Според овие податоци, од МЗ велат дека починатите од ковид кои биле вакцинирани имале и повеќе комбинирани хронични заболувања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Заев следната недела ќе поднесе оставка, но прво ќе оди во Тирана со Вучиќ и Рама

Следна објава

Во Данска ќе се вози со македонски дозволи