Темен режим Режим на светлина

Заев следната недела ќе поднесе оставка, но прво ќе оди во Тирана со Вучиќ и Рама

Премиерот во заминување Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација во Тирана, каде што на 20 и на 21 декември ќе се одржи нова средба во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, на која е најавено присуство и на српскиот претседател Александар Вучиќ и на домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама.

Заев не присуствуваше на последните состаноци во Србија, по локалните избори во земјава, на кои македонската Влада ја претставуваше вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

На состанокот во Тирана, меѓу другото, се очекува да биде потпишан Меморандум за работни визи меѓу трите земји.

За следната недела Заев најави дека ќе поднесе оставка од премиерката функција, откако тоа веќе го направи во партијата и на негово место е избран Димитар Ковачевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Дали со заминувањето на Заев од Владата ќе замине и Мила Царовска?

Следна објава

МЗ: Невакцинираните повеќе се заразуваат со ковид и завршуваат во болница или со смрт