Темен режим Режим на светлина

Градот преговара со македонски изведувачи да настапат на плоштадот за Нова Година

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најавува дека македонски музички изведувачи ќе настапат на новогодишнта ноќ за што во тек се преговори.

– Наша желба како Град Скопје е да има прослава со македонски изведувачи. Во моментот сме во преговори, во секој случај да не го чини Градот Скопје, туку да го направиме од аспект на тоа како што беше и делот со украсувањето со помош од општествено одговорни компании кои би придонеле, рече Арсовска.

Средства кои нема да се дадат за прослава на Нова Година, ќе бидат пренаменети да се потрошат за социјално ранливи категории.

– Мене ми е жал што некој се обидува и од ваква работа да истера политиканство. Сите ќе признаете дека е подобро Градот со тие средства кои нема да се дадат за прослава на Нова Година да им се помогне на извесни категории на луѓе на кои им се неопходни. „Илинденска“ е украсена, делот на потегот кај Собрание се украсува, на плоштадот украсува. Во моментот сме во преговори, во секој случај да не го чини Градот Скопје, туку да го направиме од аспект на тоа како што беше и делот со украсувањето со помош од општествено одговорни компании кои би придонеле. Средствата на Градот за таа намена да се потрошат соодветно за социјално ранливи категории, особено на луѓето кои што немаат ниту за храна во овие денови, рече Арсовска.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

12 починати во 24 часа и уште 4 од претходно - има и нови 327 заразени

Следна објава

Мицкоски предложи Гаши да биде новиот мандатар, од Алтерантива му вратија дека се веќе дел од друга Влада