Македонски Телеком денеска ja пушти првата комерцијална 5Г мрежа во државава и овозможи користење на 5Г услуги паралелно и во комбинација со 4Г.
Со 5 Г сигнал се покриени 15 градови и нивните околини: Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга, Ресен, Струмица, Радовиш, Гевгелија и Дојран.
До мај, сите корисници од главниот град и поширокиот скопски регион ќе имаат пристап до ваквите услуги, а до крајот на октомври 2022 година, со опрема од најновата генерација најавува дека ќе бидат покриени 26 градови во државава.
Засега, 5G ќе имаат корисниците коишто се наоѓаат во градовите што се покриени со 5G, во согласност со тарифите што ги користат, и коишто имаат некој од следните соодветно сертифицирани 5G уреди: Samsung S21, Xiaomi 11 Lite NE и Motorola Edge 20 Lite. Процесот на 5G сертификација со Apple се очекува да заврши во текот на второто тромесечие од годината.





