Од утре започнува скринингот во основните училишта каде е зголемен бројот на новозаболени од ковид-19, одлучила денеска Комисијата за заразни болести.
-Тоа го вклучи алармот за иницираме ваков скрининг кој ќе покаже каква е трансмисијата на вирусот меѓу учениците, рече денеска на прес-конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.
Според информацијата објавена на пресот на почетокот на оваа недела, ќе се тестираат 2.000 ученици, а тестирањето ќе биде во училиштата со согласност од родителите, на деца по случаен избор. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски рече дека иако претходно било посочено дека тестирањето ќе биде во ЦЈЗ, сметале дека вака е полесн и децата и за родителите.
Скринингот во училиштата беше најавен уште пред почетокот на второто полугодие и тоа за првата недела по враќањето на децата во школите.
На почетокот на оваа недела, Комисијата соопшти дека со почетокот на второто полугодие има и зголемување на бројот на заразени деца на возраст од 6 до 14 години.



