Темен режим Режим на светлина

Левица: Директорот на Универзална трошел многу пари иако салата не работи

 Директорот на Универзална сала, Филип Аврамчев од ЛДП, за само две години потрошил речиси милион денари за обезбедување настани и уште 250.000 денари за нафта и гориво за сала која не работи, обвини денеска опозициската партија Левица.

Партискиот портпарол на Левица Амар Мециновиќ изјави дека иако Универзалната сала со години не е во функција, тоа не го спречило директорот да се однесува како да е во ек работењето.

-За само две години, тој потрошил 500.000 денари за изнајмување возила за сопствени луксузирања. Постојат и можни индикации за криминални зделки, преку склучени договори за обезбедување на имот и лица на манифестации кои се реализираат во организација на Универзална сала, иако таа со години скоро и да не организира настани. Директорот Аврамчев склучил два договори за обезбедување со приватна фирма „Гард ДООЕЛ” од Скопје, во вкупна вредност од над 15.000 евра, потенцира Мециновиќ.

Левица потсетува дека цените на овие договори не се мали и тоа има сериозни последици и е само надополнување на долгата нишка на ѓердани на мафијашката политика.

-Тоа што нема правни последици е токму затоа што имаме нелегитимни влади и коалиции, каде пајтон партиите како ЛДП ќе станат послушници на новиот режим за да ги заштитат своите криминални кадри, нагласи Мециновиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Сончев викенд, следната недела почнува со дожд

Следна објава

Од утре почнува тестирање во училиштата - изборот е случаен