ФК Академија Пандев го потврди заминувањето на тренерот Александар Васоски по вчерашниот тежок 1:4 пораз од Тиквеш во 31.
коло во Првата лига.
-Благодарност до тренерот Александар Васоски и првиот асистент Раденко Бојовиќ за професионалниот ангажман и посветеноста кон тимот изминатиот период.
Управниот одбор на клубот ја прифати понудената оставка и донесе одлука до крајот на сезоната сениорскиот тим да го предводи тренерот Тони Атанасов, се вели во објавата на струмичкиот клуб.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





