„Комити“: Не ја признаваме одлуката на МВР, добредојдени се „Чкембари“ на дербито

Од навивачката група „Комити“, велат дека не ја признаваат одлуката на МВР за забрана на гостински навивачи. Тие упатија повик до Чкембарите дека се добродојдени.

– Одлуката која МВР ја наметна, со цел забрана за гостински навивачи, за денешниот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер, не ја признаваме!

Упатуваме апел до навивачката група “Чкембари Битола”, денес да дојдат на стадионот во Маџари. Ние сме гаранција дека безбедно ќе влезете и ќе го напуштите стадионот. Борбата за достоинството на навивачот е наша заедничка и примарна борба. Ве очекуваме! НЕ ЗА ФУДБАЛ БЕЗ НАВИВАЧИ, стои во објавата на „Комити“, на нивната Фејсбук страна.

Денеска од 17.00 часот ќе се игра дербито во Втората македонска фудбалска лига помеѓу Вардар и битолски Пелистер на стадионот во „Маџари“.

Претходна вестСписок со закани за ученици се појави и во скопско училиште
Следна вестСудење за родилката од Дебар: Веапоска и медицинска сеста со различни изјави