Најмалку два новонабавени контејнери се изгорени во огнот кој ги зафатил денеска околу 14 часот во скопската населба Дебар маало. Прво почнал да гори еден од трите нови контејнери кои се поставени покрај кружниот тек во Дебар маало, а потоа се проширил и на соседниот контејнер.
-Еднен човек се обиде да ги изгасне со ПП-апарат меѓутоа не успеа. Граѓаните се јавија и на противпожарна служба и тие интервенираа. Ова е навистина за секоја осуда, ни истакна граѓанин кој бил сведок на пожарот.
Инаку, неодамна, ЈП „Комунална хигиена“ соопшти дека во изминатава година се запалени десет нови контејнери и уште 60 од старите. Тоа е загрижувачка бројка.
До сега не е познато дека е фатен и казнет сторител на ваков вандализам во Скопје.