Темен режим Режим на светлина

АМСМ: На Табановце се чека 40 минути за излез од државата

а граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Табановце, каде што задржувањата се околу 40 минути, соопшти попладнево Автомото сојузот.

Причина за тоа е што голем број македонски државјани одат во Србија на ревакцинација, откако пред три месеци ја примија првата доза. Исто така, Србија доволува и вакцинација без закажување за македонските граѓани на сите вакцинални пунктови. Неофицијано, од денеска до 21 јуни треба да се ревакцинираат околу 15.000 наши граѓани, од кои најмногу во Белград.

Според АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сепак, се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Случај ЕУ против „Астра Зенека“: Никој не признава пораз

Следна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Облачно, топло и врнежливо