Иако гробницата на Ќин Ши Хуанг, првиот кинески цар, била пронајдена во 1974 година таа сеуште не е до крај истражена. Последователните ископувања открија низа јами со илјадници воени статуи од теракота во природна големина во облик на војници и воени коњи. Се чини дека оваа војска од теракота служела како заштитници на мавзолејот
Но, смртните стапици, како труење со жива се само дел од грижите со коишто се соочуваат археолозите кои размислуваат за ископувања во самата гробница на царот, кој владеел од 247 до 221 година п.н.е. Овој Мавзолеј е оддалечен околу 1.500 метри од теракотните статуи.
Така, и покрај опсежното истражување на околните наоѓалишта, гробницата на кинекиот цар останува неистражена, обвиткана во мистерии повеќе од две илјади години. Главната причина за оваа неподготвеност, сепак лежи во можноста и стравот дека ископувањата би можеле да ја оштетат гробницата, како и од губиток на непроценливи историски податоци.
Освен можното оштетување, отворањето на гробницата има уште посериозни опасности. Во напис на древниот кинески историчар Сима Кијан, кој живеел 3 – 4 века по смртта на царот, се открива дека гробницата била опремена со „стапици“ за можните натрапници. Во гробницата се чуваат скапоцени артефакти и извонредни богатства.
-Занаетчиите на царот имале задача да направат лакови и стрели коишто ќе ги одвратат сите прекршители, пишува Кијан, додавајќи: „Дури и ако тие архаични оружја стари 2.000 години не успеат, следи излив од отровна течна жива што ги чека оние кои се осмелуваат да ја осквернат гробницата.“
Сѐ ова може да звучи како фиктивна закана, но современите научници кои ги испитувале нивоата жива околу гробот открија концентрации значително повисоки од она што би се очекувало во обичната почва.
Високо-токсичната жива можеби протекла низ пукнатини што со времето се развиле во градбата на гробницата, потврдувајќи ги записите на античките хроничари за тоа дека гробов никогаш не бил отворен или ограбен, се вели во научен труд од 2020 година.





