Автопатите до Охрид и до Блаце никако да се завршат, министерот Бочварски најавува градба и на Тетово – Гостивар

Вгодина ќе почне да се гради автопатот Тетово – Гостивар, како и некои други патни правци, најави денеска министерот за урбанизам и граджништво Благој Бочварски. Тој објасни дека во меѓувреме треба да заврши новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите, што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел”. Бочварски рече дека имаше распишано постапка за избор на консултантска куќа и надзорен орган, по што беше избрана и компанија за консултантски услуги, но бидејќи таа во дадениот рок не достави банкарска гаранција, постапката беше запрена и е распишана нова.

-Се работи за делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште-Струга-Ќафасан, како и за патот Битола-Прилеп. Ова останува приоритет. Тука сме да ги решиме сите прашања пред почнување на изградбата, за да сме сигурни дека ќе тече непречено и со добра динамика. Автопатот Тетово-Гостивар, како и останатите делници, е приоритет и по завршувањето на постапките ќе се влезе во реализација, реконструкција и проширување на целата оваа делница, рече Бочварски, кој заедно со министерот за животна средина Насер Нуредини присуствуваше на отворањето на новоизградениот водовод во село Камењане.

Познато е, изградбата и реконструкцијата на неколку автопати во земјава сериозно доцни и никако да заврши. Автопатите Кичево – Охрид, Скопје – Блаце, реконструкција на делницата Катланово – Петоровец… веќе доживеа неколку одложувања. Но, тоа очигледно не му пречи на министерот Бочварски да најавува нови и нови.

Претходна вестЛевица: Со новиот Закон за буџети, Владата го озакони должничкото ропство
Следна вестПодмладената Македонија У21 ги започна подготовките за турнирот во Хрватска