Благотворителен базар за помош на животните

Предновогодишен благотворителен базар под мотото „Затоа што големите промени доаѓаат со мали чекори“ ќе се одржи денеска во кафе бар Макка на бул. „Св Климент Охридски“ со почеток 12:00 часот. Организатор е Ветеринарната амбуланта Вет Свет која постои 6 години и пета година по ред организира Предновогодишен благотворителен базар на кој се истакнуваат теми за бездомните миленици како и нивната благосостојба, со што се цели да се придонесе за будење на свестта во нашето општество за подобра грижа и благосостојба како на домашните така и на бездомните животни.

-Оваа година базарот ќе биде во духот на уметноста. Ќе се забавуваме заедно, ќе изработуваме накит од монистри, ќе цртаме на чаши и ќе изработуваме картички со колаж техника, а за убава атмосфера на настанот со специјална музичка селекција ќе се погрижи ДЈ Тецктоне. Заедно преку забава и изработка на подароци да им дадеме поттик и на нашите деца дека се дел од нешто поголемо и да го искусиме дарот на хуманоста. Досегашните предновогодишни базари беа на различни теми и имавме убав успех во поттикнување на хуманоста кај нашите сограѓани, наведуваат организаторите.

Собраните средства од сите базари се користат само за набавка на конзумативи за интервенциите со кои се помога на многу животни, а сите останати услуги се донираат од страна на стручниот тим од ветеринарната амбуланта Вет Свет.

Претходна вестНад 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови во Македонија
Следна вестДокторот Марковски: Пливам „како камен“, ама ме бива за фудбал, тенис, пеење…