Блинкен морал да остане во Цирих, му се расипал авионот

Шефот на американската дипломатија, кој помина ден и половина во Давос за да присуствува на форумот, не можеше да го напушти Цирих поради дефект поврзан со кислородот во неговиот авион, изјави американски официјален претставник. Друг авион бил испратен да го земе додека членовите на неговата делегација се враќале во Вашингтон со редовен лет.

Проблемите со авионите не се невообичаени за државниот секретар кој зависи од флотата на застарени авиони, чија обнова американскиот Конгрес одбива да ја финансира.

Блинкен имаше четири патувања на Блискиот Исток, често посетува повеќе земји дневно, од нападот на палестинскиот Хамас врз Израел на 7 октомври, по што Израел започна обемна воена кампања против Појасот Газа.

Претходна вестГрција блокирала одбранбен договор ЕУ-Албанија
Следна вестПакистан нападна одредени цели во Иран, два дена по иранските напади