Темен режим Режим на светлина

Целиот поморски сообраќај од иранските пристаништа ќе биде блокиран, најави Централната команда на САД

Целиот поморски сообраќај од иранските пристаништа ќе биде блокиран, најави Централната команда на САД Целиот поморски сообраќај од иранските пристаништа ќе биде блокиран, најави Централната команда на САД

Централната команда на САД – ЦЕНТКОМ соопшти дека од денес во 10 часот по источноамеричко време ќе започне со спроведување блокада на целиот поморски сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа.

Во соопштението се наведува дека блокадата ќе се применува непристрасно за сите бродови, без оглед на нивната државна припадност, и ќе ги опфати сите ирански пристаништа во Персискиот и Оманскиот Залив. Сепак, ЦЕНТКОМ нагласи дека нема да ја попречува слободата на пловидба за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец кон и од неирански пристаништа.

Дополнителни информации за комерцијалните бродови ќе бидат објавени пред почетокот на блокадата, а поморците се повикани да ги следат официјалните известувања и да комуницираат со американските поморски сили додека се движат во регионот.

Оваа одлука следува по изјавата на претседателот Доналд Трамп дека американската морнарица ќе започне со блокада на Ормускиот теснец.

Иран, по оваа најава од САД, порача дека нема да се покори на никакви закани. Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф ја исмеа американската одлука, порачувајќи дека со ваквата „блокада“ цените на горивата ќе пораснат и дека наскоро сегашните цени ќе изгледаат ниски.

Тој претходно истакна дека Иран нема да се предаде под никакви закани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
(Видео) Обид за палење на Синагогата во Скопје

(Видео) Обид за палење на Синагогата во Скопје

Следна објава
138 мандати за Тиса – 54 за Фидес: Убедлив пораз за Орбан по 16 години владеење со Унгарија

ЕУ се радува на победата на Маѓар во Унгарија, но тој во некои ставови е поцврст и од Орбан