ЦУК: Викендов гореше на 20 места, активни пожари денеска нема

Вкупно 20 пожари на различни локации во земјава имало во текот на викендов, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во саботата имало шест, а вчера дури 14 пожари и една лажна дојава за пожар на отворен простор во државата. Пожарникарите сите ги изгаснале. Активни пожари, утрово, нема.

Во пожарите гореле стрништа, сува трева, депонија, ниска вегетација и гранки од сеча, биле во општините: Велес, кај село Иванковци; Валандово, кај с.Марвинци; Струмица, кај с.Баница; Кичево, кај с.Осломеј; Неготино, кај месноста „Чоркова Чешма“; Кривогаштани, кај пречистителната станица на излезот кон Прилеп; Старо Нагоричани, кај истоименото с.Старо Нагоричани; Штип, во месноста „Мирјанина Црква“; Тетово два пожара, кај с.Теарце(ниска вегетација) и кај с.Ратае и во Општина Куманово имало четири пожари, кај с.Речица, с.Оризаре, с.Горно Коњаре и кај с.Пчиња.

Претходна вестПотера во Велес, комбе со 20 мигранти падна во ископан канал
Следна вестИталијанска премиера на македонскиот филм „М“ на фестивал во Трст