Home АКТУЕЛНО Потера во Велес, комбе со 20 мигранти падна во ископан канал

Потера во Велес, комбе со 20 мигранти падна во ископан канал

0
Потера во Велес, комбе со 20 мигранти падна во ископан канал

Комбе полно со мигранти синоќа околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица, помеѓу судот и Интернационал откако возачот се обидел да и избега на полициската потера. Кога ја забележал полицијата возачот со комбето тргнал во спротивен правец на улицата „8 Септември“, од кружниот тек кон Срмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во шанецот.

Од велешката полиција за Батали.нет потврдија дека бегајќи од полициска потера, комбето влегло во забранет правец на улицата „8 Септември“ и пропаднало во ископаниот ров. Оттаму велат дека возачот и совозачот се фатени и приведени.

Според сознанијата, македонската полиција заедно со припадници на ЕУЛЕКС, го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.

Во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко, кои биле во комбето.

-Детето нема видлива повреда, но се жалеше на болка во главата, а неговиот татко има расекотина на прст на раката. Тоа се единствените пренесени во велешката болница, изјави за Батали.нет д-р Васе Пановска Поп-Стефанова“, началничка на Итната медицинска помош.