Да ти е мерак Меси гол да ти даде

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски преку социјалните мрежи се пофали со пивото кое го доби од феноменалниот аргентински фудбалер Лео Меси.

Имено, спонзорот на легендарниот фудбалер на Барселона, „Бадвајзер“ направи специјална серија на пива за сите голмани кои имаат примено гол од Лео Меси. Аргентинецот во дресот на Барселона има дадено 644 голови, и исто толку пива беа испратени за голманите.
Секој голман добиваше пиво со редниот број од голот на Меси, тие што имаа примено повеќе голови добија повеќе пива. Лео еднаш ја затресе и мрежата на Столе Димитриевски на меч меѓу Барса и Рајо Ваљекано.
Денеска Димитриевски преку својот инстаграм профил се пофали дека го добил пивото и напиша:
– Брилијантно изменаџирано. Ти благодарам за најспецијалното пиво.
Претходна вестПедагошкиот факултет до Царовска: Зошто е потребно вакво брзање со концептот, ова е несистематизиран обид да се внесат големи промени
Следна вестВМРО-ДПМНЕ поднесе 26 амандмани на законот за попис