Темен режим Режим на светлина

Демонстранти ја окупираа зградата на американскиот Конгрес, бараат прекин на огнот во Газа

Најмалку стотина демонстранти вчера окупираа една од зградите на американскиот Конгрес, барајќи од пратениците и администрацијата на Џо Бајден да извршат притисок за прекин на огнот во Газа, која Израел ја бомбардира по нападот на Хамас на 7 октомври. Облечени во маици „Палестинските животи се важни“, „Не во наше име“ и црни маици со натпис „Евреите велат: прекинете го огнот сега“, тие седеа плескајќи и пеејќи во зградата „Канон“, каде што се наоѓаат голем број канцеларии и поставија големи транспаренти на кои пишува „Престанете со огнот“ и „Пуштете ја Газа да живее“.

Полицијата приведе неколку демонстранти.

– Не се дозволени протести внатре во зградите на Конгресот, објави полицијата на платформата Х.

Ги предупредивме демонстрантите дека мора да го прекинат протестот и кога не послушаа почнавме да ги апсиме.

Претходно, стотици луѓе се собраа во паркот во близина на Капитол, барајќи од администрацијата на Бајден да се заложи за прекин на огнот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ потсетува дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари

Следна објава

Медведев: Конфликтот на Блискиот Исток може да се претвори во нуклеарна или стогодишна војна