Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот закон за да имаат сите еднакви шанси на изборите

Кандидатот за претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска во Државната изборна комисија го потпиша кодексот за фер и демократски избори за парламентарните избори 2024. По потпишувањето тој рече дека сепак потпишале само форма, а не суштина.

-Големите политичи субјекти од народни, државни пари, ќе добијат за политички маркетинг девет милиони евра, а малите политички партии по осум илјади евра, па граѓаните нека заклучат, рече Димитриевски и посочи дека: „Во полн ек е претседателската кампања, за сите претседателски кандидати и гледаме како се одвива. Голем број канадидати за парламентот се директно вклучени, инволвирани и се говорници што повикуваат за поддршка на претседателските кандидати. Тоа ДИК треба да го преиспита. Но, на крајот последниот глас ќе го имаат граѓаните на 24 април“.

Димитриевски на крајот заклучи дека единствено граѓаните може да го подигнат нивото на демократијата, а секако е потребно да се измени законот за да биде еднакво за сите и да има правилни и демократски избори во Македонија.

Претходна вестЈа нападнал поранешната партнерка и ѝ го украл накитот, ќе добие пријава
Следна вестМлад охриѓанец се обидел со возило да прегази полицајци, па бегал и направил сообраќајка