Ја нападнал поранешната партнерка и ѝ го украл накитот, ќе добие пријава

Приведено е едно лице поради физички напад врз поранешната партнерка, соопшти полицијата.
МВР информира дека денеска во 09.20 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(31) од Скопје.

-Тој се сомничи дека на 16.04.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал неговата поранешна 37 – годишна партнерка и ѝ го одзел накитот. Одземеното било пронајдено, а лицето било задржано во полициска станица, се наведува во информацијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вест„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест
Следна вестДимитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот закон за да имаат сите еднакви шанси на изборите