Се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ триесет подружници со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено плата, ниту теренски додаток. Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Иван Пешевски, од протестот рече дека вработените се на своите работни места и не ги извршуваат задачите оти се гневни и на менаџментот, и директорот, и на нивните раководители, и сите претставници од власта што земаат 80 отсто зголемени плати, а тие не дочекале да добијат втор месец плата.
-Апелираме да не си поигруваат со судбината на овие 1.800 вработени бидејќи ако можеа да вработуваат луѓе пред избори и да ги лажат, тогаш треба и да обезбедат плати, рече Пешевски појаснувајќи дека 355 работници биле примени на работа пред два месеца. Тој е дециден дека претпријатието нема потреба од сезонски работници, туку луѓето што веќе се таму треба да имаат 12 месеци плата и здравствено осигурување.
Претседателот на Синдикатот им порача на политичарите кога одат по градовите на митинзи, да ги прашуваат луѓето за нивните проблеми оти работникот веќе е згорчен од политика и оди на работа за плата и додатоци.
-Срамота е во 21 век да се молиме за плата, рече Пешевски, пренесува Макфакс.
Како што додаде, во „Национални шуми“ нема крадци, туку крадците се во дирекциите и во фотелјите. Крадците, вели Пешевски, не се ни сеча, ни дотур, ни сите оние шумари што земаат мизерни плати, изложени на надворешни влијанија и со висок процент на ризик.
Најави дека планираат да ги радикализираат протестите и пред Владата во следните денови, и на 1 Мај како Меѓународен ден на трудот.
Фото: Макфакс