Арсовска: Заканите на министерката за култура нема да поминат

Заканите на министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчвеска нема да поминат, а таа успеа самата себе да се побие, изјави денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска. Та регира на денешната најава на министерката за култура дека ќе поднесе тужба за клевета против неа.

-Таа може слободно да ме тужи за  прашањето: „Зошто ако министерката дознала за пожарот во Универзална сала пред 9 часот, не го пријавила веднаш?“.Та  Таа лично во изјава истакна дека осознала за пожарот нешто пред 9 часот. Првото јавување во бридатата од случаен минувач дека има пожар е во 9.50 минути, по што противпожарната бригада веќе во 9.55 минути е на лице место. Самата ја побива своја изјава, рече Арсовска.

Таа додаде дека министерката кажува дека Универзална сала е осигурен објект, но не знае ниту каде е, колку е, кога.

-Тоа укажува дека или не знае или не сака да ја сподели информацијата. Треба да се даде прецизен одговор на која вредност и на кои случаи на настанување на штета. Денеска не добивме одговори туку само напади и закани за тужби, кажа градоначалничката на прес-конференција во просториите на Град Скопје.

Градоначалничката додаде дека две  години укажувале дека по тој проект за реконструкција на Универзаланата сала, кој некој друг го примил во Градот Скопје во 2021 година, во месец март, по којшто распишал јавна набавка и отпочнал со реализација е увидено уште во првиот месец дека е невозможно да се работи.

-Позитивното мислење за сеизмичката заштита е укинато од страна на ИЗИС на 02.11. и покрај тоа што министерката сакаше да каже дека тогаш јас сум била градоначалник, за жал, не и е добро пренесено на кој ден имам стапено на оваа функција и кога сум осознала за тој договор, рече Арсовска.

Претходна вестГрадоначалник Курто Дудуш доби кривична пријава, за директори именувал лица кои не биле вработени во градинката
Следна вест„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест