Темен режим Режим на светлина

Двајца застрелани во пукањето пред тетовската болница

Две лица се застрелани вчера пред влезот на Ургентниот центар во Клиничката болница во Тетово, соопшти тетовската полиција. Двете ранети лица биле примени во болница, а едно од нив, поради природата на повредите, е упатено во Клиничкиот центар во Скопје.

-Вечерва, во 18:05 часот, во СВР Тетово е пријавено дека пред влезот на Ургентниот центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица кои се здобиле со прострелни рани, информираа синоќа од СВР Тетово.

Полициски службеници беа на терен и извршија увид на местото на настанот, а се преземаат и мерки за пронаоѓање на четири или пет лица кои се сомничат за инволвираност во настанот.

На престрелката пред тетовската болница и претходела физичка пресметка помеѓу еден од сега ранетите и еден од осомничените за вечерашното пукање. Физичката пресметка се случила денеска околу 13 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово.

Како што дознава еден од двајцата повредени, кои се браќа, е 41-годишно лице што веќе и е познато на полицијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада, Мицкоски овластен да ги одбере кандидатите

Следна објава
Потреси од Албанија и Грција почувствувани во Македонија

Земјотрес со интензинтет од 3,8 степени, вознемирениста кај граѓаните во Охрид, Струга, Ресен, Битола и Кавадарци