Прескапи се: Македонија може да издржи парламент со најмногу 100 пратеници

Наближуваат парламентарните избори. Ќе се менувале извесни законски одредби за да се подобрел изборниот процес. Ама некако не се наоѓа сила за да се направи Македонија една изборна единици што ќе значи многу попрецизно отсликување на гласот на народот во самото Собрание.

А, некако се бега и од едно друго барање на граѓаните – да се намали бројот на пратеници во македонскиот парламент.

Одамна верглаат народните избраници дека е неопходна реформа односно претструктуирање – намалување на јавната администрација. Еве нека почнат од себе. Намалувањето на бројот на народните избраници, како и на министерствата би била добра и корисна реформа.

-Македонија нема пари за 120 пратеници, од кои преку 80 збор корисен немаат кажано за местото од каде се изгласани. Само се стискачи на гласачкото копче и тоа по насоки кои им ги дава партијата, ни вели скопјанката Елеонора.

-Зошто ни се толку министерства? Кое фајде видовме од повеќето кои всушност може да се претопат во друго министерство. Земјата мора да штеди, доста беше расфрлање, доста беше вдомување на партиски кадри на високи измислени позиции, реагира друг граѓанин.

Да, парламент со 100 пратеници, па дури и помалку, би бил поефикасен и многу поевтин. Зошто тоа не се направи, има време за сите потребни законски измени?

Да, владата без 4 – 5 министерства ќе биде и поефтина и поефикасна. Ова може да се реши и по изборите, останува пред гласање да видиме дали партиите ќе го имаат во изборната програма.

По изборите ќе мора да се делува и околу намалување на многуте државни институции во Македонија од кои некои и не си ги знаат ингеренциите оти се испреплетени со други слични институции, ама сите тие си имаат директор, заменик директор…, службени возила, големи канцеларии…

Претходна вестЦУК: Спасени лица кои со возило заглавиле во снег кај Пониква
Следна вестОткриен огромен древен град, најстар во Амазонија, во него живееле илјадници луѓе