Темен режим Режим на светлина

Движењето „Европа сега“ победи на парламентарните избори во Црна Гора

Движењето Европа сега, од каде доаѓа и новиот претседател Јаков Милатовиќ освои 26 отсто од гласовите, најмногу на вчерашните вонредни парламентарни избори во Црна Гора, покажуваат прелиминарните податоци на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ).

Коалицијата „Заедно“ (ДПС-СД-ЛП-ДУА) освои 23 отсто, „За иднината на Црна Гора“ (НСД-ДНП) 15,1, коалицијата „Храбро се броји“ (Демократи-УРА) 13 отсто.

Бошњачката партија има 6,8 отсто.

Под цензусот се Социјалдемократската партија (СДП) со 2,9, СНП и Демос со 2,8 и Правда за свет со 2,7 отсто. Албанскиот форум има 1,7 отсто

Излезноста е 56,4 отсто

Лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС) и носител на листата Милојко Спајиќ, синоќа изјави дека очекува што побрзо формирање на Влада.

-Ова сега е голема победа за Европа. Од статус на вонпарламентарна партија за една година станавме најголемата партија во Црна Гора и покрај сите притисоци. Постигнавме добар резултат и очекуваме што поскоро да се формира влада. Ќе разговараме со сите кои ги делат нашите вредности, рече Спајиќ.

На прашањето со кого нема да преговара, Спајиќ порача дека тоа е најавено уште од претходно, а се однесува на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и Граѓанското движење (УРА).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

И денеска облачно и нестабилно со невреме

Следна објава

Директорот на Кардиологија Сашко Јовев го потпишал решението за негово разрешување