Темно Режим Светло Режим

Повторно пукање во Америка, неколку лица се убиени има и повредени

Три лица се убиени, а тројца се ранети во пукотница во неделата вечерта во дом во Анаполис, главниот град на Мериленд, соопшти полицијата. Началникот на полицијата во Анаполис, Едвард Џексон, на прес-конференција рече дека пукањето се должи на, како што рече, „меѓучовечки спор“ и дека нема дополнителна закана за јавната безбедност, пренесува АП.

Тој изјави дека убиените се на возраст од 20 до 50 години, како и дека уште не е утврден цврстиот мотив за пукањето. Тој додаде дека истрагата е во тек, а полицијата се обидува да утврди што точно се случило.

Голем број полициски автомобили биле забележани во станбена зона јужно од центарот на градот каде што се случило пукањето.

Полициската управа соопшти дека еден од повредените е префрлен на трауматологија, пренесуваат медиумите. Во соопштението се вели и дека еден осомничен е во притвор, а властите пронашле оружје.

Претходниот Пост

Загрижувачки лекции: Што нашиот образовен систем ги научи матурантите?

Следниот Пост

Почина Силвио Берлускони