Осум дена откако Државниот инспекторат за животна средина нареди да работи на плин за да не ја загадува животната средина затворена е кочанската фабрика за хартија „Пејпер Мил“. Ваква одлука донел бугарскиот сопственик на компанијата бидејќи му било неисплатливо да го преориентира производствениот процес на плин. Фабриката е сега затворена, а во наредниве денови ќе се знае каква ќе биде судбината на 120 вработени во неа.
Наредбата на Државниот инспекторат за животна средина поради надминување на емисиите од оџакот, кои беа направени на 30 декември. Тогаш фабриката „Пејпер Мил“ добила наредба да престане да го користи котелот на пелети и да премине на работа на плин.
-Инсталацијата ќе работи на плин сè додека не се постигнат законски утврдените гранични вредности. Државниот инспекторат за животна средина инсистира на почитување на законите. Не дозволуваме загадување на Кочани, наведе тогаш Државниот инспекторат за животна средина.
Инаку, мерењето на емисиите испуштени во воздухот на 30 декември следуваше откако два дена претходно инспекторите информираа дека оваа фабрика во Кочани доколку продолжи да ги надминува граничните вредности, ќе мора да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин или пак, ќе мора да стави клуч на врата и да не работи сè додека не го обезбеди филтерот на оџаците.