Сончево и студено, температура до 3 степени

На скопското подрачје денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб ветер а температура ќе биде од – 4 до 3 степени.

На подрачјето на земјава ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура е во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени.

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно суво и многу студено време, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Утре ќе има локални слаби врнежи од снег.

Претходна вестОд денеска до 15 февруари: Фестивал на чајот и читањето на „Феникс“
Следна вестПрепорака на др. Вело Марковски: Пред вакцинирањето мора да се провери нивото на антитела