Скопјани: Не е вест тоа што сте смениле знаци, сте закрпиле дупки…

Општина Центар ја извести јавноста дека сменила вертикална сообраќајна сигнализација на одредени улици. Заменети биле старите и оштетени сообраќајни знаци на улиците Никола Тримпаре и Апостол Гусларот, во непосредна близина на ООУ „Ј.Х. Песталоци“ и матичниот објект на градинката „13-ти Ноември“, како и на улицата 9-ти Мај, близу до градинката „Кочо Рацин“.

Оваа вест брзо ги разбуди ироничните коментари на жителите на Центар за кои ова не треба да е вест, туку е обврска според описот на задачите и надлежностите на општината.

– Не може да биде вест тоа што сте изметиле три улици, сте смениле два знака, сте накитиле, или сте закрпиле дупка на асфалт! Разбирате ли дека сте смешни со таквите соопштенија?
– Сакате зурли и тапани да викнеме оти сменивте сообраќајни знаци на 4 места?!
– И, сега што? Да залееме со добро вино за вашите неизмерни успеси?… Ова се само дел од коментарите на Твитер и Фејсбук откако општината ја сподели информацијата.

Вакви се реакциите и во претходниот период кога на сличен начин се обзануваа соопштенија на Град Скопје за најави на најавеното дека ќе се изврши некогаш. Тој нашин на инфирмирање го прифатија и другите скопски општини.

Сепак, граѓаните се повеќе се свесни дека тоа е само фалење во има на билдање рејтинг, а всушност е обична работа која требало да се заврши без помпа бидејќи е во описот на работните задачи.

Претходна вестМакедонија поразена од Шведска
Следна вестОд денеска до 15 февруари: Фестивал на чајот и читањето на „Феникс“