Темен режим Режим на светлина

Еден загинат, еден повреден во напад со нож во австриски Линц

Еден загинат, еден повреден во напад со нож во австриски Линц Еден загинат, еден повреден во напад со нож во австриски Линц

Двајца пешаци вчера беа избодени со нож во австрискиот град Линц, при што едниот им подлегна на повредите, а вториот е тешко повреден, соопшти полицијата, пренесена од ДПА.

Локалните власти соопштија дека осомничениот бил набрзо уапсен.

Мотивот засега останува нејасен, а полицијата во текот на денешниот ден планира да објави дополнителни детали за жртвите и осомничениот, пренесува ДПА.

Портпаролката на полицијата во Линц за ДПА изјави дека истрагата ги има опфатено сите можни аспекти.

Локалниот весник „Кронен Цајтунг“ објави непотврдени тврдења дека напаѓачот извикувал навреди кон муслиманите и дека сведок го видел како стои на средина од улицата, привремено блокирајќи го сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Медведев го елиминираше Алкараз и ќе игра финале против Синер

Медведев го елиминираше Алкараз и ќе игра финале против Синер

Следна објава
Продолжува одбележувањето на годишнината од трагедијата: Во Кочани денеска велосипедска трка, планинарски марш, кошаркарски турнир…

Продолжува одбележувањето на годишнината од трагедијата: Во Кочани денеска велосипедска трка, планинарски марш, кошаркарски турнир...